Адвокатска канцеларија “Гажоски“

Адвокатската канцаларија Гажоски е основана во Скопје на 02.04.2016 година од страна на Адвокат Ѓоко Гажоски.

Ѓоко Гажоски е роден на 26 Јуни 1989 година во Прилеп, а по завршувањето на основното и средното образование запишува дипломски студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје кој е во склоп на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.

По успешно завршување на дипломските студии запишува магистерски студии од областа на Меѓународнот право и меѓународните односи на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје кли успешно и во рок ги завршува.

Ѓоко Гажоски е магистер по правни науки од областа на меѓународното право и меѓународните односи кое звање го стекнува по успешно одбранетата магистерска теза со наслов Право на самоопределување-случај Косово.

Подоцна, по завршувањето на приправничкиот стаж во Адвокатската канцаларија на Адвокат Сашко Панчев од Скопје, истиот успешно го положува правосудниот испит.

На крај поднесува барање за упис во регистарот на адвокати при Адвокатската комора на Република Македонија и се стекнува со лиценца за работа.

Оттогаш па наваму Ѓоко Гажоски успешно ја води Адвокатската канцаларија „Гажоски“ и е специјалист во областа на трудовото право и работните односи, во граѓанското право со посбен акцент на трговските спорови, но успешно водел и управни спорови, како и кривични предмети опфатени целосно и во делот на зстапување пред надлежните обинителства во самите истражни постапка и во делот на одбрана пред судските инстананци на клиентите.

Вашата укажана доверба е наша привилегија, која доселдно ќе ја испочитуваме