Адвокат Ѓоко Гажоски дипломира на Правниот факултет Јустинијан Први во Скопје, а исто така стана Магистер на правни науки од областа на меѓународното право и односи и магистрира на истиот факултет.

По завршувањето на магистерските студии има стажирано и се има стекнувано со практично знаење во Адвокатската канцаларија на Адвокат Сашко Панчев од Скопје, по што следеше и успешното полагање на Правосудниот испит со кој се стекна со лиценца за обавување на адвокатската дејност и од 02.04.2016 година е упишан во Регистарот на адвокати кој го води Адвокатската комора на Р.Македонија.

Адвокат Ѓоко Гажоски ја основа адвокатската канцаларија во Април, 2016 година и отогаш па до ден денес работи на многу предмети од сите области на правото.

Специјалност му е кривичната постапка, застапување на оштетен или застапување на осомничено лице во сите стадиуми на кривичната постапка започнувајки од истражна постапка па се до добивањето на конечна правосилна и извршна пресуда во конкретниот кривичен предмет.

Исто така има познавање како и пракса во споровите од трудовото право во однос на заштита на работничките права,правата на здружување и граѓанско делување, како и застапување пред надлежните судови во постапките за остварување на сите права од работниот однос.

Адвокат Ѓоко Гажоски исто така е и овластен регистрационен агент и ги врши сите видови на уписи,регистарции и промени, ликвидации, бришења кај сите правни лица кои се упишуваат во соодветните регистри кои ги води Централниот регистар на Р.М.